Исчезнати се 11, а спасени 278 лица во пожар на траект во близина на островот Крф

Од:

Исчезнати 11 патници, акција за евакуација на двајца кои се уште се наоѓаат во бродот, спасени 278 лица и полесно повредени десет патници е билансот од пожарот што избувна на траектот „Euroferry Olympia“ додека од Грција пловел кон Италија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалното соопштение од грчката крајбрежна служба, по пребројувањето и идентификацијата на патниците пренесени на Крф „констатирано е дека се спасени 278 лица, меѓу кои и едно лице кое не било на официјалниот список на патници“.

Дополнително, продолжува акцијата за спасување на двајца странски државјани кои се наоѓаат во бродот, но и за пронаоѓање на 11 исчезнати патници, меѓу кои тројца се грчки државјани.

Од крајбрежната служба додаваат дека кон бродот се упатува и нуркачка единица, а паралелно со вложуваат максимални напори за гаснење на пожарот на траектот.

Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Јанис Коцопулос за грчката телевизија ЕРТ рече дека десет лица се хоспитализирани, од кои повеќето се со проблеми со дишењето.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служби.

Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната.

На „Euroferry Olympia“ што пловел под италијанско знаме, тргнал од Игуменица за Бриндизи, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он