Исчезна американски борбен авион Ф-16 над Јадранското море

Од:

Американски борбен авион Ф-16 исчезна денеска над Јадранското Море, откако пилотот пријавил дека има проблем со авионот, јави италијанската новинска агенција Анса.

Авионот на американското воено воздухопловство летал заедно со други авиони кога се прекинала неговата врска со НАТО базата во Авиано, во североисточна Италија, пренесе агенцијата Франс прес.

Пилотот пријавил проблем во последната порака до базата околу 19 часот.

Во потрагата учествуваат другите авиони, кои летале заедно со него, како и италијанската крајбрежна стража.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина