Бројот на бегалци и мигранти кои ги губат животите додека го преминуваат Егејското Море меѓу Турција и Грција расте со алармантна брзина, предупреди денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Портпарол на ИОМ вели дека 218 луѓе загинале во јануари на таа источномедитеранска бегалска рута. Според Џоел Милем, овој месец 55.000 луѓе го преминале Егејот.
– Вкупно 244 луѓе смртно настрадале во обид да го преминат Медитеранот вклучително и оние кои се загинати на рутата меѓу Либија и Италија што се смета за полоша, изјави Милмен.
Италијанската морнарица вчера спаси 290 мигранти и извлече шест тела од водите на Медитеранот додека истовремено 24 бегалци, меѓу кои шест деца загинаа откако потона чамецот со кој се превезувале во близина на грчкиот остров Самос.