Интервенцијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги натерала членовите на владејачката Партија на правдата и развојот во анкетната комисија, која требала да ги истражува обвинијата за корупција против поранешни министри, да го сменат своето мислење и да гласаат против нивно изведување пред суд, пишува весникот „Хуриет“.
Четворица поранешни турски министри беа обвинети за корупција, измама и злоупотреба на службената положба во рамки на корупцискиот скандал, кој ја потресе Владата минатата година.
Парламентарната комисија одлучи на 22 декември против нив да не се води судски процес, иако според изворите на „Хуриет“, членовите на владејачката партија првично имале спротивно мислење.
Во партијата размислувале и поранешните министри доброволно да се изјаснат дека сакаат да им суди Врховниот суд, но против таквата идеја категорично се спротивставил поранешниот министр за економија Зафер Чаглајан.