Инцидент во Никшиќ: Каменуван е автомобилот на градоначалникот на Требиње

Од:

За време на завршната конвенција на коалицијата „За иднината на Никшиќ“ на плоштадот Слобода во Никшиќ, засега непознати сторители оштетиле неколку патнички автомобили, меѓу кои и службеното возило на градоначалникот на Требиње, Мирко Ќуриќ, кој присуствувал на настанот.

Како што објави подгоричкиот портал „Дан“, во исто време на плоштадот „Шакo Петровиќ“ непознат сторител или неколкумина од нив се обиделе да запалат два автомобила со таблички на Босна и Херцеговина. Пожарот е изгаснат со брза интервенција на Службата за заштита и спасување.

Сите настани се пријавени во полиција, која работи на откривање на сторителите и расветлување на сите околности поврзани со настани во Никшиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама, има повредени

Горан Наумовски

Обвинение за Јанчев од Левица за смртта на 16-годишниот Матеј Димовски

Предраг Петровиќ

Инцидент на лет кон Скопје: Словачки навивач e приведен, на десетмина им е забранет влез во Македонија

Горан Наумовски

Нова пукотница во Никшиќ, има ранети

Горан Наумовски

Уапсен е осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски