Инцидент во Егејското море меѓу грчки патролен брод и турски рибарски чамец

Од:

Министерството за надворешни работи на Турција, според грчките медиуми, испратило демарш до Грција поради инцидентот во Егејското море меѓу патролен брод на грчката крајбрежна служба и турски рибарски чамец, кога од грчка страна биле испукани неколку предупредувачки истрели во воздух, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката крајбрежна служба истрелите биле на безбедно место, а според турската крајбрежна служба еден од рибарите бил повреден во ногата.

Грчката крајбрежна служба соопшти дека инцидентот се случил вчера попладне кога турски рибарски чамец рибарел во грчките територијални води, во делот меѓу островите Хиос и Инусес и не одговорил на повиците за повлекување, упатени од екипажот на грчкиот патролен брод.

Наместо да се повлече, рибарскиот чамец направил „опасни маневри“ , се приближил до грчкиот брод, се обидел да го удри и го нападнал со разни предмети, камења и слично.

„По ова, од патролниот чамец на крајбрежната служба, беа испукани предупредувачки истрели во воздух и на безбедно место, по што турскиот рибарски брод се повлече кон исток“, соопштија од грчката крајбрежна служба.

Турска страна коментира дека е „неприфатливо пукање во беспомошни рибари и тоа е злосторство против човештвото“.

Грчките медиуми објавија дека за инцидентот реагирала официјална Анкара со протесна нота до амбасадата на Грција во Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он