Необичен инцидент се случил денеска на белградскиот аеродром Никола Тесла кога чувар по грешка пуштил на пистата возило управувано од С.С., неофицијално е потврдено за „Блиц“.
Според извор на „Блиц“, С.С. наводно неовластено влегол на пистата со автомобил налик на службено возило, извесно време возел по пистата, а потоа избегал од местото на настанот.
Тој побегнал речиси до босанската граница, каде што бил фатен и уапсен од полицијата, потврдил извор за „Блиц“.
С.С. е задржан во траење до 48 часа по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 291.