„Имерсија“: Странци масовно купуваат имоти во Грција

Од:

Државјани на земји што не се членки на ЕУ масовно купуваат имоти во Грција, откако властите во Атина го донесоа законот за издавање визи за престој во земјата со рок на важност до пет години на лица што поседуваат недвижности на грчка територија, објави атинскиот весник „Имерсија“.

Ваквите визи се на добар пат да создадат суштински промени на грчкиот пазар за недвижнсоти, бидејќи сега илјадници куќи и станови може да станат сопственост на странци, тврди весникот.

Согласно законот, странци кои на територијата на Грција поседуваат или се во фаза на стекнување на недвижен имот во вредност од над 250.000 евра, имаат право да добијат визи за петгодишен престој во земјата.

Со вакво право ќе се стекнат и лица кои за период од најмалку 10 години под наем зеле хотелски или станбени објекти или туристички комплески, при што нивната наменина е поголема од 250.000 евра.

Грчките власти информираа дека првите визи за петгодишен престој веќе им се издадени на државјани на Русија, Украина, САД, Канада и  Кина, кои поседуваат имот во Грција. Врз основа на сопственост на имот барање за визи доставиле и државјани на Индија, Египет и Либан.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија