Имери: Косовскиот премиер и неговиот заменик се предавници

Од:

Парламентарната косовска опозиција жестоко се спротистави на договорот што Белград и Приштина го постигнаа во Брисел, а лидерот на движењето Самоопределување Висар Имери косовскиот премиер и неговиот заменик ги нарече предавници на националните интереси.

Имери ги повика граѓаните на Косово да бидат подготвени за заедничка акција за стопирање на формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), додавајќи дека не треба да се исклучува дури и насилството.

Лидерот на Самоопределување го повика косовскиот премиер Иса Мустафа да поднесе оставка, а ако тоа не го направи, треба да се урне косовската Влада.

Имери наведе дека Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи треба да бидат прогласени за предавници на националните интереси бидеќи потпишаа четири договори постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај Договорот за формирање на ЗСО го оцени како назадување, додавајќи оти партијата се уште нема донесено одлука за спротиставување на Договорот.

– Алијансата за иднината на Косово е против Договорот за формирање на ЗСО бидејќи го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет, па дури и државноста на Косово“.

Правниот експерт Риза Смака истакна дека Договорот за формриање на ЗСО претставува кршење на Уставот на Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Грција