Атина: Илјадници луѓе протестираа против расизмот во Грција

Од:

Повеќе од 5.000 луѓе демонстрираа во центарот на Атина против расизмот, по убиството на еден пакистански имигрант, кој претходно беше погребан.

Демонстрантите се собраа во плоштадот Омонија и носеа транспаренти со натписи “неонацисти надвор” и “Казна за фашистичките убијци”, пренесува Ројтерс.

Пакистанецот Шехзад Лукман (27) беше убиен претходно оваа недела во напад со нож додека одел на работа со велосипед во предградието на Атина.

Полицијата соопшти дека убиството може да е расно мотивирано.

“Можеби неговото убиство ќе помогне ваквите напади да престанат. Ние демонстрираме за владата да преземе мерки да ги спречи расистичките напади”, рече официјалниот претставник на организацијата на пакистанските имигранти Хавиед Аслам.

Грција е земја од каде многу имигранти од Азија и Африка се обидуваат да влезат во Европската Унија, а непријателството кон нив е се поголемо во екот на грчката економска криза, наведува Ројтерс.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он