Илјадници Бугари протестираа поради високите сметки за струја

Од:

Неколку илјади Бугари протестираа денеска во неколку градови во Бугарија поради високиот износ на последните сметки за струја, барајќи оставка на надлежните.

Иако струјата во Бугарија поскапе уште минатиот јули за 13 отсто, бугарските граѓани беа изненадени од сметките дури сега поради исклучутелно ниските температури, кои поттикнаа многу поголема потрошувачка.

Извикувајќи „мафија“ и „оставки“ илјадници граѓани одржаа протестен марш во Софија, Варна, Пловдив и Благоевград, палејќи ги сметките и барајќи повторно да се национализираат дистрибутерите на електрична енергија.

Бугарскиот пазар на електрична енергија е поделен на три региони, кои ги контролираат чешките компании ЧЕЗ и Енерго-Про и австриската ЕВН.

Министерот за енергетика Делијан Добрев, кого демонстрантите во Софија го погодија со камен, изјави дека Министерството наредило да се провери износот на сметките, нагласувајќи дека многу од нив се однесуваат на подолг период, вклучувајќи ги новогодишните и божиќните празници.

Енергетските компании исто така соопштија дека ќе ги испитаа жалбите на граѓаните.

Фото: Георги Кожухаров

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме