Илир Мета останува во притвор, Врховниот суд го одби барањето за поблага мерка

Од:

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, одлучи Врховниот суд, отфрлајќи го барањето за смена на оваа, со поблага безбедносна мерка, со што ја потврди одлуката на Aпелацискиот суд.

Замена на мерката „затворски притвор“ Мета побарал со образложение дека „се попречува неговата политичка кариера и развојот на изборната кампања, бидејќи парламентарните избори се одржуваат на 11 мај“.

Мета, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), беше уапсен на 21 октомври минатата година, под обвинение „пасивна корупција“, „перење пари“ и „прикривање имот“.

Во аудио пораката дистрибуирана на социјалните мрежи, по одлуката на Судот, Мета, најави „брзо движење кон Судот за човекови права во Стразбур“. Тој го обвини СПАК дека дејствувало по наредба на премиерот Еди Рама, за да ја нападне опозицијата и Партијата на слободата во пресрет на парламентарните избори. Во неговата аудиопорака, ги повикува Албанците на 11 мај да гласаат за „уривање на наркодржавниот режим“.

Мета (56) беше претседател на Албанија во периодот од 2017 до 2022 година, по што повторно застана на чело на партијата Социјалистичко движење за интеграција, чие име го смени во Партија на слободата.

Тричленото судско тело на Врховниот суд не ја смени ниту мерката за пратеничката на Партијата на слободата, поранешната сопруга на Мета, Моника Круемади, потврдувајќи и ја мерката задолжително јавување во Специјалниот суд. Таа е под истрага поради сомнение за перење пари, корупција и непријавување имот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он