„Илинден“ очекува од новата Влада подобрување на правата на Македонците во Албанија

Од:

Македонското друштво во Албанија „Илинден“ со седиште во Тирана му ја честиташе фукцијата премиер на Албанија на Еди Рама, лидер на социјалистите и поранешен градоначалник на Тирана.

– Граѓаните на Република Албанија одлучија да ви ја дадат довербата да ја водите државата во следните четири години. Ви посакуваме успешнен мандат и реализирање на изборната програма. Во исто време, веруваме дека новата Влада на чие чело сте вие ќе работи на подобрувањето на правата на македонското малцинство во Република Албанија, стои во честитката упатена до новиот албански премиер.

Рама, по победата на јунските парламентарни избори, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Топ-чанел, рече дека победничката коалиција ќе посвети поголемо внимание на правата на малцинствата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски