Стоковната куќа ИКЕА во близина на Загреб денеска била итно евакуирана, откако бил по грешка активиран аларм.
Таму денеска попладне накратко биле изгаснати светлата во цела продавница, а купувачите веднаш преку разглас биле замолени „поради технички проблеми“ итно да излезат од објектот и да не се задржуваат во негова близина.
Купувачите мирно и без паника ја напуштиле зградата, но по 15 минути повторно можеле да се вратат назад.
– Излеговме надвор и таму поминавме 15 минути. Потоа повторно можевме да влеземе, изјавил еден од купувачите.
Полицијата во Загреб потврди дека добила дојава од граѓани и веднаш се упатила на самото место, каде е утврдено дека по грешка бил активиран алармен уред и не постои никаква опасност за луѓето и имотот.