ИФИМЕС: ЦГ на изборите ќе се определува – минато или иднина

Од:

Танјуг – Белград

Црна Гора на 16 октомври одржува парламентарни избори, 10-ти по ред од воведувањето на повеќепартискиот систем и четврти од прогласувањето на црногорската независност, кои се сметаат за стратешки најважни до сега, на кои таа земја ќе се определува за минатото или иднината.

Според анализата на Меѓународниот Институт за блискуисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана тоа ќе бидат избори и против членството на Црна Гора во НАТО и ЕУ.

ИФИМЕС наведува дека анализите на јавното мислење покажале дека владејачката ДПС на актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ овој пат ќе има тешка задача, да обезбеди уште еден мандат на власт.

За разлика од претходните избори ДПС сега настапува без важните коалициони партнери, кои во минатото донесуваа толку проценти поддршка од гласачите, кое овозможуваше стабилна власт на Ѓукановиќ и ДПС.

Таа стабилност како што се наведува, се сруши во момент кога претседателот на Социјалдемократската партија (СДП) Ранко Кривокапиќ, долгогодишен претседател на парламентот, по 18 години коалицирање почна да прекинува некои важни странски инвестиции и се обиде да го руши Кабинетот на Ѓукановиќ, кој сепак успеа да ја придобие довербата во Собранието на Црна Гора.

При тоа, како што се наведува, очигледно Кривокапиќ и неговите политички ментори погрешно ја конципирале својата политичка стратегија и многу веројатно е дека воопшто нема да го поминат изборниот праг, што би значело крај на неговата политичка кариера.

Поради политичкиот пресврт на Кривокапиќ и неговите активности за рушење на Владата на Црна Гора, тој се поврза со Демократскиот фронт и други просрпски и проруски сили, кои порано ги нарекуваше непријатели на државата.

Неговата СДП се распадна и изгуби многу членство, кое под водство на министерот за инфраструктура Иван Брајовиќ основаше нова партија Социјалдемократи (СД).

Локалните избори во општина Тиват во април 2016 година беа прв тест за новите односи во политичкиот простор во Црна Гора, каде ДПС освои апсолутно мнозинство, додека новооснованата СД над 10 отсто гласови и го зазема убедливото второ место.

Врз основ на резултатите од изборите во Тиват, очигледно е дека за иднината на евроатланското мнозинство во Собранието на Црна Гора важна е улогата на СД на Иван Брајовиќ, кој држи своевиден клуч кон мнозинството и континуитет на политичката стабилност во Црна Гора на патот во сојузот на НАТО и ЕУ.

Токму од изборниот резултат на СД ќе зависи дали Црна Гора ќе продолжи со процесот на приклучување, т.е. дали ќе ја зачува политичката стабилност или ќе следи длабока политичка криза, која ризикува дури да поттикне и меѓуетнички конфликти во државата, која инаку важеше за нај успешна во интеграциите на различните етнички заедници. Притоа, важен е фактот дека и многу незадоволни гласачи на ДПС се одлучуваат да ја поддржат СД, бидејќи во неа гледаат гаранција за продолжување на евроатланската и развојната политика.

Факт е дека опозицијата во Црна Гора е раздробена и дека ќе има големи потешкотии при составување на влада, ако ДПС и СД не добијат мнозинство во Собранието на Црна Гора.

Меѓу ДФ, Демократите и коалицијата „Клуч” на Демос, СНП и УРА, која поврзува три опозициски партии има големи разлики и малку е веројатно дека можат да ги премостат тие разлики, бидејќи ги поврзува само една цел, а тоа е рушење на актуелната влада, додека на гласачите не нудат стратешка и програмска алтернатива.

Ако победи опозицијата може да се очекува период на политичка нестабилност, спречување на процесот за приближување на евроатланските интеграции и пад на странските инвестиции, кои изминатите години на Црна Гора и овозможија постигнување на еден од најдобрите макроекономски показатели во регионот.

Инаку, право на глас на изборите во Црна Гора имаат 530.840 гласачи запишани во централниот гласачки список. На изборите се бираат 81 пратеник/чка за Собранието на Црна Гора. Изборниот праг изнесува три отсто.

Истовремено со парламентарните избори се одржуваат и локални избори за општините Котор и Будва.

Интересни се изборните слогани на политичките субјекти кои учествуваат на изборите. Така владејачката Демократска партија на социјалистите ДПС, се обраќа со гласачкиот слоган „Со сугурен чекор”, Демократскиот фронт ДФ порачува „Ние или тие”, Социјалдемократската партија СДП на Ранко Кривокапиќ се обраќа со „Државата на сите”, Демократите на Алекса Бечиќ порачуваат „Победи а не поделби”, Тројната коалиција „Клуч” соопштува „Најдоброто за Црна Гора”, Социјалдемократите СД на Иван Брајовиќ настапуваат со слоганот „Доследно”, Позитивна Црна Гора вели „Бидејќи ја сакам Црна Гора”, а малцинската Хрватска граѓанска иницијатива ХГИ со слоганот „Хрватско срце за Црна Гора”…

Во изборната кампања се соочуваат два големи политички блока – за и против членството во ЕУ и НАТО. Опозицијата никогаш не била подеструктивна и по хетерогена од што беше пред претстојните парламентарни избори.

Опозицискиот настап е граден на погрешен концепт, кој околу себе собра конголемрат на разни политички субјекти, кои пред се се против полноправното членство на Црна Гора во НАТО, а некои опозициски сили и членството во ЕУ, бидејќи сакаат поцврсто поврзување со Србија и Русија, наведува ИФИМЕС.

Политичката реторика на мнозинскиот дел на опозицијата е насочена главно на борба против организираниот криминал и корупцијата, против владејачката Демократска партија на социјалистите ДПС и лично против премиерот Мило Ѓукановиќ.

Се работи за една група челници на опозицијата, кои во основа се разочарани Милошевиќевци, или до сега на некој начин добиле корист од учеството во власта или бенефиции од власта.

Опозицијата во основа не нуди конкретни решенија освен дека ако дојде на власт ќе се пресмета со сегашната власт на Ѓукановиќ.

Тоа е многу опасен модел, кој има за цел да се пресмета со организираниот криминал и корупција, а притоа не разликувајќи ја приватната иницијатива (бизнисот) од криминалот и корупцијата.

Аналитичарите сметаат дека во Црна Гора од распадот на поранешната СФРЈ се уште не успеала да се профилира силна опозициска автохтона политичка партија, која не би била просрпска ни проруска.

Затоа, се наведува во анализата на ИФИМЕС, претстоните Парламентарни избори се стратешки најважни избори до сега, бидејќи политички поделената Црна Гора дефинитивно ќе се определи за НАТО и ЕУ или ќе влезе во насока на поврзување и јакнење на соработката со Русија и Србија.

Се потсетува и дека неодамна пред црквата Свети Никола во Котор била посторена „Балканска козачка војска”. Покрај униформираните Козаци, учествувале и бајкери од Русија, од проруските делови на Украина, Србија, Република Српска и Црна Гора, свештеници на Српската православна црква…

Во периодот кога Црна Гора наскоро ќе стане полноправна членка на НАТО, на нејзината територија е основана т.н. Балканска козачка војска, а симболика на тоа е илустративната реченица, дека Русија е моќно присутна во Црна Гора и регионот на Балканот.

Според наводите, тоа е видлива руска присутност.

Меѓутоа, Русија употребува скриени методи за своето делување и за присутноста во Црна Гора и на Балканот. Црна Гора се наоѓа во состојба на претстојните парламентарни избори да бира меѓу Козаците и полноправното членство во НАТО.

Тоа значи определување меѓу минатото и иднината, а одговорот на тоа прашање ќе го даде резултатот од парламентарните избори.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба