И вечерва протести во Бугарија

Од:

Стотина лица се собраа вечерва на нови протести во центарот на Софија, блокирајќи го „Орловиот Мост“, јави БТА.

Демонстрантите ја пееја бугарската химна и извикуваа „Долу партиите!“. Од собирот е предложено формирање на „граѓански комитет“, кој би ги промовирал барањата на учесниците на протестите што се одржуваат низ цела Бугарија.

На самиот стар на протести дошло до помал инцидент кога дел од учесниците на собирот обвиниле некои од присутните дека се провокатори.

Околу 1.000 лица се собраа вечерва на протест против монополските компании во Варна. Претставник на организаторир на протестот информира дека во Сливен се одржува „средба на иницијативните комитети, од која се очекува да бидат испратени заеднички барања за промени во државата“.

На протестот беше побарано и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев да не го распушта Народното собрание, бидејќи тогаш „не ќе има која да ги исполни барањата на демонстрантите“.

Протести вечерва се одржуваат и во други бугарски градови.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме