И понатаму критична ситуацијата со поплавите во Србија

Од:

Помош за Србија поради поплавите упатија осум држави членки на Eвропската унија, Русија, САД, Израел, Хрватска и Македонија, а активирана е и српската дијаспора, јави Танјуг.

ЕУ го активира механизмот за заштита по барање од Србија заради исклучително критичната состојба со поплавите во државата, а во прв одговор реагираа Франција, Словенија, Бугарија, Германија, Унгарија, Австрија, Чешка и Хрватска.

Досега според информации од властите, евакуирани се повеќе од 15.000 луѓе, но останува критична ситуацијата во Шабац.

105331456253771cc5c42b8327827565_640x427

Без струја се 13 општини со околу 80.000 домаќинства во Србија. Поплавени се најмалку 1.600 објекти, а загрозени се најмалку уште 1.500, соопшти МВР на Србија.

Околу 4.000 луѓе досега се авакуирани од српскиот град Обреновац, изјави денеска началникот на Секторот за вонредни ситуации Предраг Мариќ кој се наоѓа во тој град. Тој вели дека не е можно да се предвиди кога ќе биде завршена евакуацијата бидејќи ситуацијата е исклучително тешка.

Утрово од училиште во градот се евакуираат околу 500 жени и деца и оти потребно е да се евакуираат итно уште најмалку 1.200.

Министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ повика приватните превозници да испратат автобуси за да може сите граѓани кои се пријавиле да помогнат, да се превезат до Шабац каде ситуацијата со поплавите е критична.

1897362289537705e84ae4a710741214_v4 big

Кон Шабац вчера заминаа околу 10.000 луѓе кои сакаа да помигнат во спасувањето на градот од поплавите.

Републичкиот Фонд за здравствена заштита соопшти синоќа дека упатиле апел до сите производители на лекови поради вонредната состојба веднаш да испорачаат потребни количини во Клиничкиот центар од каде потоа ќе се дистрибуираат до населените места и загрозените.

Државното јавно обвинителство веќе истражува случаи на злоупотреба на вонредната ситуација во државата како што е зголемување на цената на водата и прехранбени продукти и порачува дека ќе реагира во сите случаи на извршување евентуални кривични дела, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ