И Босанска Посавина се бори со поплавите

Од:

Подрачјето на Босанска Посавина и дел од Семберија деенска се поплавени, а цивилната заштита, граѓаните и спасувачките екипи ја продолжуваат борбата за одржување на преостанатите насипи за да се спречи дополнителното излевања на река Сава.

Најтешка е состојбата на подрачјето на Орашје и Брчко од каде се евакуирани стотици луѓе.

Состојбата во Босански Шамац е делумно стабилизирана иако таму се излеаја реките Босна и Сава, а од градот се евакуирани 2.000 луѓе. Босански Шамац за време на викендот беше целосно под вода. На места водата достигнуваше и до три метри. Градоначалникот на Босански Шамац, Саво Миниќ истакна дека градот е буквално уништен.

Состојбата на територијата на Бијелина и понатаму е сложена, а најкритично е на подрачјето Балатуна, а во некои делови водата достигнува до 1,5 метри, а поплавата се шири. Спасувачките екипи цела вечер го евакираа населението од Балатуна, а помагаше специјализирана екипа за спасување од Велика Британија.

Лизгање на земјиштето имаше во Прњавор во близина на Грачаница.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски