И БиХ ќе бара дел од имотот на Тито

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Помошник на министерот за финансии на Босна и Херцеговина, Зенит Келиќ изјави дека доколку Србија инсистира да и припадне дел од приватното наследството на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, свој дел ќе бара и Босна.

Келиќ за сараевскиот „Дневни аваз“ изјави дека Босна како и другите републики на СФРЈ, имаат право на тоа според договорот за сукцесија на поранешната СФРЈ.

Тој така ја искоментира најавата на кабинетот на претседателот на Србија, Томислав Николиќ дека ќе биде достапен пристап до приватниот имот на Тито, кој некогашното Претседателство на СФРЈ по неговата смрта, го зачувало во трезорот на Народната банка во Белград.

Келиќ исто така изјави дека е неприфатливо тврдењето на правниот советник на претседателот на Србија, Оливера Антиќ дека кабинетот на претседателот на Србија е правен наследник на Претседателството на СФРЈ.

Во трезорот на Нардоната банка на Србија се чуваат 11 вреќи кои не се отворени 33 години, по смртта на Тито.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Од утре достапна книгата „Тито: вечниот партизан“

А1он