Хуманитарни организации: Прифатете ги бегалците од Сирија

Од:

Повеќе од 30 хуманитарни организации во недела упатија апел до државите во светот, да прифатат околу 180.000 бегалци од Сирија.

Според соопштението на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), тој број би бил пет проценти од очекуваните бегалци од Сирија во 2015 година.

Иако поради војаната која трае повеќе од три години, во соседните држави има повеќе од 3,2 милиони сириски бегалци, со оглед на тоа што нема знаци дека на конфликтот му се ближи крај, УНХЦР предвидува дека бројот во 2015 година би можел да достигне 3,6 милиони бегалци.

Како што се наведува за државите кои би примиле 180.000 бегалци од Сирија ќе биде обезбеден и пакет помош и економска поддршка.

Инаку УНХЦР истакна дека Турција и Либан до сега примиле повеќе од милион регистрирани бегалци, што значително ја оптеретило нивната инфраструктура и секторот за јавни услуги.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Силен земјотрес во Грција

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски