Хрватскиот европратеник Никола Вуљаниќ е избран за нов известувач на Европскиот парламент за Албанија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Вуљаниќ, кој е член на Хрватските лабуристи – Работничка партија, на оваа дожност бил избран синоќа од страна на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.
На денешната средба со новинарите Вуљаниќ соопшти дека е избран како известувач за Албанија на местото на Гркот Николаос Чунтис, кој се повлекол поради „внатрешно-политички причини”.
– Се радувам што го добив ова задолжение и ќе настојувам да и помагам на Албанија, која мина низ голема трансформација ако се има предвид колку изолирано живееше во комунистичиот режим, а неодамна првпат имаше демократски избори. Разговарав со колегите и кај сите има позитивна атмосфера кон Албанија. Истото го мисли и Европската комисија, па затоа во следната Резолуција на Европскиот парламент ќе предложам земјата да добие кандидатски статус за членство во Европската унија, изјави Вуљаниќ.
Вуљаниќ по неговиот избор за европратеник се приклучи кон Групата на европската левица и нордиската зелена левица (ГУЕ/НГЛ), иако претходно како набљудувач во Европарламнетот беше дел од таборот на Социјалистите и демократите.