Хрватската полиција заплени 63,5 кг марихуана, вредна пола милион евра

Од:

Хрватската полиција во местото Виталина, општина Конавле, уапсила четворица албански државјани со 63,5 килограми марихуана.

Според полицијата на Дубровничко-неретванскиот регион, дрогата била спакувана во 60 пакетчиња и вредноста на пазарот истата достигнува околу 150 илјади евра, додека на мало цената во Хрватска би достигнала пола милион евра.

Уапсените на местото пристигнале со автомобил со албански регистарски таблички за да ги земат торбите со дрога, кои претходно ги оставиле. Тие во Хрватска влегле преку преминот Карасовиќ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска