Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

Од:

Хрватската полиција денес заплени 13 килограми кокаин на граничниот премин кон Црна Гора и уапси еден албански државјанин.

Полицијата, како што објавува Индекс.хр, објасни дека осомничениот вчера се појави на излез од Хрватска во возило со албански таблички.

За време на прелиминарниот преглед, постоеше сомневање за скриен простор во возилото, поради што е побарана наредба од истражен судија.

Следното утро, возилото е претресено и пронајдени се 12 пакети со тежина од 12,75 килограми.

Дрогата е наменета за албанскиот пазар, а Хрватска е само транзитна земја. Таа беше скриена под задното седиште во специјално направено скривалиште, според полицијата.

Тие додаваат дека проценетата пазарна вредност на конфискуваниот кокаин е околу 25.000 евра по килограм или вкупно над 300.000 евра.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога