Хрватска се подготвува за Парада на гордоста

Од:

Граѓанскиот сектор за одбрана на сплитското крајбрежје со собирање потписи и петиција се бори против најавената „Геј парадата“. Револтот е најголем кај угостителите и сопствениците на дуќани кои се наоѓаат на самото крајбрежје, бидејќи сметаат дека „Парадата“ несомнено ќе им наштети врз нивната работа и прометот.

Собраните потписи и петицијата денеска беа доставени кај градоначалникот, Жељко Керум. Од него бараат итно преместување на трасата по која ќе се движи поворката, бидејќи и угостителите и дуќанџиите не биле во можност да ги надокнадат трошоците од можните штети.

Тие тврдат дека ако не дојде до промена на локацијата за „Геј парадата“, а за време на одржувањето претрпат штета, сметките ке им ги упатат на организаторите.

Парадата е закажана за 9-ти јуни. На патеката по која треба да се движат учесниците веќе се прават подготовки, а полицијата ги превзема сите мерки на претпазливост. Сепак, точната траса на втората по ред „ Геј парада“ во Хрватска сеуште не е официјално потврдена.

Сплитските угостители бараат преместување на „Геј парадата“

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби