Хрватскиот собор го промени Законот за посебни права на претседателот на Хрватска, по завршување на должност, со што ги намали нивните права, освен во случајот на Стјепан Месиќ.
Според изменетиот закон наредниот поранешен претседател на Хрватска ќе има пет години, а не доживотно право на канцеларија, двајца државни службеници и возило.
На овие измени се противеле опозициските пратеници, затоа што новите ограничувања не се однесуваат и на поранешниот претседател Стјепан Месиќ.
На Месиќ доживотно му се гарантирани канцеларија, службеници, возило, возач и висока пензија.