Хрватска: Пронајдено е телото на еден Португалец, потрагата по неговиот пријател продолжува

Од:

Лоши вести од Хрватска. Пронајдено е телото на еден од двајцата португалски државјани кои се водат како исчезнати од ноќта помеѓу вторник и среда. Потрагата по уште еден исчезнат турист продолжува, потврдија властите.

Група од четири португалски туристи исчезнаа рано наутро во среда кога тргнаа со гумен чамец низ каналот Велебит и покрај дождот и лошото време. Тие беа пријавени како исчезнати во среда во 4.51 часот наутро и потрагата по нив трае од тогаш. Португалка беше пронајдена во среда околу 11 часот наутро и беше префрлена во болница во Риека каде што е под надзор. Властите соопштија дека таа е во добра здравствена состојба. Уште една португалска државјанка беше пронајдена на море вчера попладне.

Утринава, капетанот на пристаништето Сењ, Ненад Бугарин, изјави дека верува оти исчезнатите туристи, со оглед на тоа што се млади луѓе, би можеле да преживеат два до три дена во топлото море.

Потрагата по преостанатиот португалски државјанин продолжува.

Би можело да ве интересира

Српски инфлуенсер уапсен во Сплит поради четнички тетоважи: ќе биде протеран од Хрватска

Предраг Петровиќ

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Трагедија во Хрватска: Пронајден остатокот од авионот и телата на две лица по драматичната потрага

Предраг Петровиќ

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Хрватска поднесе обвинение за шпионажа против воен пилот и државјанка на Србија

Предраг Петровиќ

Изгубен е контактот со мал авион во Хрватска, во тек е операциja за пребарување и спасување

А1он