Хрватска му постави краен рок на Израел за набавката на авионите Ф-16

Од:

Хрватска денеска му постави на Израел карен рок до 11 јануари за надминување на недоразбирањата со САД околу продажбата на 12 авиони од типот „Ф-16 Барак“ на хрватското Воено воздухопловство.

Како што јави ДПА, хрватското Министерство за одбрана соопшти дека најдоцна до 11 јануари Израел „ќе мора да обезбеди дозвола од САД и да ги испорача авионите согласно договореното“.

Хрватска и Израел лани во март потпишаа договор за продажба на 12 израелски авиони на Загреб за сума од 445 милиони долари, но бидејќи станува збор за латала од американски производство надградени и модернизирани во Израел, за нивна продажба на трети земји потребна е согласност од САД.

– Доколку Хрватска не може да ги добие авионите што ги одбра, ќе ја поништи набавката на повеќенаменските летала, се наведува во соопштението на хрватското Министерство.

Хрватска е членка на НАТО од 2008 година.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Горан Наумовски

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Израелската армија мобилизира резервисти