[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Вработена во винковачката фабрика „Унидал“, стана херој во Хрватска, бидејќи своето работно место го отстапи на самохрана мајка со две деца.
Како што пренесува „Глас Славоније“, фабриката која произведува опрема за далеководи, електрификација на железничка пруга и автомобилска индустрија, ја погодила криза, поради што раководството решило да отпушти три вработени. Меѓу нив се нашла и самохраната мајка со две деца.
Директорот на „Унидал“, Драго Осречки свикал состанок за да одлучи кој ќе добие отказ. Предложил тоа да бидат лица кои што се последни вработени во фабриката, а меѓу нив и самохраната мајка. Кога го слушнала тоа младата винковчанка, одлучила да даде отказ наместо самохраната мајка.
Го прашала директорот бидејќи се уште е слободна и без обврски,а живее со своите родителите, своето работно место да и го отстапам на колешката, но со гаранција дека тоа ќе биде само за неа.
Како што пишува весникот по прашањето многумина се расплакале, а директорот Осречки со спуштена глава и солзи во очите рекол дека прифаќа. Никој не можел да поверува дека навистина ќе го направи тоа, но како што објаснила таа полесно ќе се снајде отколку колешката со две деца.