Пописот во Хрватска е одложен поради коронавирусот потврди координаторот за попис во Централното биро за статистика, Дамир Плесац во изјава за Н1.
Тој објасни дека одложувањето на пописот е на неопределено време и неговото одржување ќе зависи од епидемиолошките мерки и од одлуките на владата и на Парламентот кои треба да го сменат законот за попис.
Претходно Германија, Шкотска и Ирска решија да го одложат пописот исто така поради коронавирусот.