ХРВ и ЕУ се загрижени поради предлог-законот на турската Влада за полицијата

Од:

Хјуман рајтс воч и ЕУ денеска изразија загриженост поради спорниот предлог-закон на турската Влада, со кој се зголемуваат овластувањата на полицијата во Турција по прокурдските протести во земјата на почетокот на октомври.

Предлог-законот лошо влијае врз заштитата на човековите права, се наведува во соопштението на меѓународната организација за заштита на човековите права.

– Владата веќе планира усвојување на нови проблематични полициски мерки од страна на Парламентот и сега сака да си обезбеди уште повеќе овластувања во областа на безбедноста, истакна Ема Синклер-Веб, одговорен претставник на Хјуман рајтс воч за Турција.

Мерките се разгледуваат во парламентарна комисија и се очекува да бидат гласани следниот месец од Парламентот, во кој владејачката Партија на правдата и развојот има апсолутно мнозинство.

Известувачот на ЕП за Турција, Кати Пири, која денеска престојува во посета на Анкара, исто така упати критики за предлог-законот.

– Сила од страна на полицијата може да се употреби само во краен случај, но тоа најмалку треба да биде потенцирано во ваков закон, истакна Пири.

Опозицијата ги обвинува властите во Анкара дека сакаат да ја претворат Турција во „полициска држава“ и да спречат секакви антивладини протести.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ