Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Од:

Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека Приштина во 2013 година се обврзала да формира Заедница на српски општини (ССО), поради што испраќањето на нацртот на УСО до Уставниот суд во Приштина е неопходен чекор.

„Очекуваме Косово да ги исполни сите свои обврски. И според нас, за Косово, тоа итно вклучува продолжување со ЗСО, односно испраќање на нацрт-статутот до Уставниот суд на уставна оцена“, изјави Ховениер за РТК.

Тој посочи дека постои нацрт-статутот на ЗСО, кој го подготвил специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Сите рековме дека овој нацрт ги исполнува условите. Од 2013 година Косово се обврза да создаде ЗСО“, рече Ховениер и додаде дека „членството на Приштина во Советот на Европа“ нема да се случи автоматски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски