Хованец: Бараме Турција да ги исполни сите 12 услови со ЕУ

Од:

Според чешкиот министер за внатрешни работи, Европската комисија „притиска” врз Чешка да прими повеќе бегалци од Грција и Италија, но тој ја одбива критиката од Унијата, јави дописникот на МИА од Прага. 

– Јас на состанокот во Брисел со моите колеги од ЕУ објаснив дека ние од тие луѓе кои треба да ги примиме во Чешка бараме вообичаени информации, кои се битни да се исполнат безбедносните стандарди, објасни Хованец.

Тој исто така се огради и од критиките дека земјата примила само четворица Сиријци, иако се обврза до крајот на годината да прими 2.691 мигрант, искористувајќи ја можноста да ги враќа бегалците од Анкара.

– Се надевам дека Унијата нема да одлучи да го изгуби својот лик. Чешка ќе настојува условите да мора да се исполнат без исклучок. Турција мора да исполни 12 услови кои за нас се примарни. Се плашам дека јунскиот термин нема да биде додржан, рече Хованец во врска со можноста Турција доа добие безвизен режим со европските земји.

Тој додаде дека главен проблем кој го загрозува исполнувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција е тоа што „грчките судови им одат во пресрет на луѓето кои се жалат дека треба да бидат вратени во Турција и ја означуваат земјата како небезбедна”.

– Според мене условите Турција не може никогаш да ги исполни. Затоа мислам дека тоа е само една таква игра и секако сум против, Турција да има безвизен режим со Европа, изјави потпретседателот на чешката Влада и министер за финансии Андреј Бабиш.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ