Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот

Од:

Претседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти ги повика пратеничките групи и пратениците во републичкото Собрание да овозможат одржување на пленарна седница, на која ќе се усвојат измените во буџетот на државата, со цел справување со проблемите што на косовското стопанство му ги предизвика пандемијата на Ковид-19.

Од селото Широка во општина Сува Река, каде што присуствуваше на отворањето на жетвената сезона, Хоти вети дека неговата влада ќе ги удвои субвенциите за земјоделството, но нагласи дека за тоа е потребно Собранието да ги усвои измените во буџетот и да ги ратификува меѓународните финансиски договори.

Тој рече дека знае оти некои пратеници и членови на собраниската администрација се заразени од коронавирус, но ја нагласи итноста од потребата од изнаоѓање начин за одржување седница.

Целта на Хоти, како што беше истакнато на денешната седница на Владата пред неговото заминување во Сува Река, е формирање фонд за економско опоравување, за што планира да се издвојат 400 милиони евра.

– Очекувам што поскоро да помине буџетот во Собранието, да започне целосното спроведување на пакетот за економско закрепнување, вклучително и на земјоделството. Во оваа прилика ги замолувам сите пратенички групи, сите пратеници, да се организираат во ова време на пандемијата, за што поскоро да помине и буџетот и меѓународните договори поврзани со фондот за економско опоравување, рече Хоти во Сува Река.

Владејачката коалиција има минамално мнозинство од 61 глас во 120-членото Собрание, а дополнителни проблеми со обезбедувањето на потребните гласови за усвојување на владините одлуки се појавија откако на еден од пратениците, Арбен Гаши, кој е шеф на пратеничката група на партијата на Хоти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му беше дијагностициран коронавирус.

Во изминатите петнаесетина дена имаше два неуспешни обиди за ратификација на неколку договори за поволни кредити од Светската банка и грантови од Европската унија, вредни над 60 милиони евра. За да се склучат договорите потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, додека двете најголеми опозициски партии, Движењето самоопределување на претходниот премиер Албин Курти и Демократската партија на Косово на поранешниот собраниски спикер Кадри Весели досега одбиваа да дадат било каква поддршка на Владата на Хоти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина