Вчера вечер околу 22 часот и 30 минути во населба во Обреновац, Србија дошло до конфликт помеѓу татко Д.М. на возраст од 46 години и 17-годишниот син, при што таткото се сопнал, паднал и останал мртов на лице место.
Според пишувањата на српските медиуми, таткото и синот се скарале во куќата, по што излегле надвор за таму да ја продолжат пресметката, а потоа, неофицијално, Д.М. по расправиите и туркањето со синот се сопнал, паднал и останал мртов на лице место.
Полицијата преку натамошна истрага ќе ги утврдува сите детали за овој случај.
Како што неофицијално дознава „Блиц“, синот и сопругата на жртвата изјавиле дека Д.М. се сопнал преку синџирот со кој било врзано неговото куче во дворот и удрил со глава во рабникот.
Телото е испратено на обдукција каде ќе се утврдуваат причините за смртта.