Хоџај: Продолжување на дијалогот дури по примена на договореното

Од:

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е можно дури, отако ќе бидат применети досега постигнатите спогодби во Брисел.

Не можеме да имаме нов процес во дијалогот за нормализација на односите, доколку најпрво не заживеат постигнатите спогодби. Сметам дека кредибилитетот на целиот технички дијалог ќе биде доведен под сомневање доколку Белград не го исполни договореното, изјави Хоџај во интервју за „Данас“.

Тој нагласи дека новите институционални лидери во Србија не би требало да го задржат пристапот на поранешниот претседател Борис Тадиќ, кој како што рече, имал цел да го одржи статус квото, а не да ги реши внатрешните економски и социјални проблеми и да понуди динамичен план за европска интеграција.

Сметам дека Србија може да учи не само од Хрватска, туку во последно време и од Црна Гора, која забележа голем напредок на европскиот пат и стана модел за останатите земји на Балканот. Србија не може да ја спречи европската интеграција на Црна Гора, а исто така не може да стори ништо ниту во врска со Косово, рече Хоџај.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски