Хоџај: Нема дијалог без посредник на ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај денес изјави дека не може да има дијалот помеѓу Белград и Приштина без посредник на Европската унија.

-Нема дијалог без посредник на ЕУ. Србија е неодговорна и неодлучна. Единствен независен чекор кој може Србија да го направи е да ја признае независноста на Косово – напиша Хоџај на својата страна на социјалната мрежа „Фејсбук“.

На тој начин минисерот за надворешни работи на Косово, му одговори на српскиот премиер Ивица Дачиќ дека дијалогот може да продолжи и без посредник од ЕУ.

Според него на тој начин Дачиќ се обидел да ја спушти на многу ниско ниво Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за дијалогот, посредување на ЕУ и вклучувањето на меѓународните претставници во тој процес.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски