Хоџај: Цел на дијалогот е Косово во ОН

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај изјави дека една од крајните цели на дијалогот меѓу Белград и Приштина е добивање столче во Обединетите нации.

– Тоа би била потврда на целосната нормализација на односите, вели Хоџај.

– Нам ни е исклучително важна целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со цел зад себе да ги оставиме оние мрачни историски страници и меѓусебни судири и да појдеме во иднината како две соседни, независни и во перспектива се надевам, пријателски земји, изјави Хоџај за новосадскиот весник „Дневник“.

Тој оцени дека последниот состанок на двајцата премиер во Брисел бил многу важен, бидејќи претставува нов чекор во правец на реализацијата на крајната цел за северот на Косово, а тоа е примена на планот на Марти Ахтисари, кој на косовските Срби им дава многу широка автономија.

Според него, основна причинба зошти Србите од северот на Косово досега не биле дел од косовскиот јавен демократски живот лежи во Белград, кој ја финансира полицијата и останатите безбедносни структури на северот.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски