Хашим Тачи реизбран за лидер на Демократската партија на Косово

Од:

Досегашниот претседател на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен косовски премиер Хашим Тачи е реизбран на функцијата партиски лидер.

На Изборната Конвенција на партијата со јавно гласање, во кое учествувале 719 делегати, „за“ Тачи се изјасниле 718, додека само еден од делегатите бил против.

Тачи пред делегатите по изборот се забагодарил за дадената доверба. – Во изинатите 13 години ПДК мина низ многу предизвици и беше пред донесување тешки одлуки, но заедно ја минавме оваа ситуација. Тоа се дела и вредности на ПДК, нагласи Тачи.

Тој порача дека под негово водство партијата ќе триумфира на следните локални и парламнетарни избори.

На собирот се обрати и косовскиот вице-премиер и потпретседател на партијата, Хајредин Кучи, која нагласи дека ПДК „има среќа што има лидер кој рефлектира единство во партијата“.

На Конвенција е избрано и ново Претседателство на партијата.

Како што пренесуваат косовските медиуми, на собирот не присуствувал генералниот секретар на ПДК и актуелен претседател на косовскиот Парламент, Јакуп Крсниќи, инаку, кој веќе подолго е во заладени одоси со Тачи.

На собирот како гости присуствуваа и лидерите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и на Националната демократска преродба (НДП), Али Алмети и Руфи Османи, како и претставници партии од Албанија и на организации на Албанците од Црна Гора и од јужна Србија.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане