Хашим Тачи подготвува смена на претседателот на косовскиот Парламент

Од:

Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен косовски премиер Хашим Тачи подготвува сценарио за смена на сопартиецот и претседател на косовскиот Парламент, Јакуп Красниќи, тврди приштинскиот дневен весник „Бота сот“

Според весникот, како што јави дописникот на МИА, Хашим Тачи и неговите приврзаници се подготвуваат за „сечење на глави во редовите на ПДК и острат сабја  и за  Јакуп Красниќи“.

– Во деновите што следуваат се очекуваат драматични случувања во Парламентот на Косово. Поранешните сопартијци се обидуваат да го разапнат на крст Јакуп Красниќи. Тоа не значи дека тој ќе ја доживее судбината на Исус Христос, туку Хашим Тачи и неговите приврзаници само острат сабја да му ја скратат власта на Јакуп Красниќи, пишува „Бота сот“.

Според весникот, Тачи почнал нова битка со сите средства за да обезбеди 80 гласови за смена на Красниќи од функцијата претседател на Парламентот.

– Во потрагата по 80-те потребни гласови, Тачи, успеа да го убеди со него во посетата на Сеул да опатува и Хидајет Хисени, со цел да обезбеди гласови во парламентот, се наведува во тексот.

Нетрпеливоста меѓу Тачи и Красниќи, што постои подолг период, резултираше со најавата на спикерот на Парламентот за напуштање на ПДК и за формирање нова партија. Во спроведување на ваквата идеја Красниќи доби поддршка од влијателнито семејство на легендарниот командант на ОВК, Адем Јашари, како и од поранешниот министер за транспорт и хашки затвореник Фатмир Лимај.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски