Хашим Тачи најави повлекување од политиката

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, најави дека нема да се кандидира за втор мандат и оти по завршувањето на мандатот ќе се повлече од политиката.

-Одлучив, нема да бидам кандидат за претседател во следниот мандат. Две децении се доволни на чело на институциите на земјата, мислам дека има енергија, волја и нови луѓе кои ќе можат да го реализираат последниот процес, по слободата и независноста, членството во НАТО и ЕУ, изјави Тачи во интервјку за албанската телевизија Ора њуз.

Посочи дека Косово е на вистинскиот пат и никој нема да може да го поткопа ова стратешко патување на земјата во блиска иднина да биде дел од НАТО и ЕУ.

-Ова патување не треба да се персонализира со Хашим Тачи, туку со вредности и стандарди на кои ќе работиме во иднина. Мислам да почнам нов живот. Од моја страна во тоа сум категоричен. Не можам да дочекам да дојде февруари и да се ослободам од институционалната, политичката и јавната облека. Не дека сум уморен, туку со најголема волја, додаде Тачи.

За шеф на косовската држава Тачи беше избран во февруари 2016 година,така што мандатот му завршува во февруари следната година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски