Хашим Тачи го критикуваше ЕУЛЕКС заради апсењето на поранешниот министер Фатмир Лимај

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја критикуваше правната мисија на Европската унија во земјата во врска со апсењето на поранешниот бунтовнички командант фатмир Лимај под обвинение за воени злосторства, соопштија американските медиуми.

Хашим Тачи денеска изјави дека апсењето, изведено во текот на викендот, на Фатмир Лимај, кој патем е пратеник од редовите на неговата партија, е „неправедно и срамно“.

-Тоа е недозволиво. Тоа е срамно, тоа не е правосудство, подвлече косовскиот премиер, цитиран од француските медиуми.

Неговиот коментар дојде откако високо позициониран претставник на ЕУ во Косово ги повика лидерите да запрат да се мешаат во актуелниот процес против Лимај и тројца други поранешни етнички албански бунтовници, осомничени за убиството на српски заробеници за време на Косовската војна од 1998-99 година.

Лимај (41) е поранешен член на распуштената Армија за ослободување на Косово, која ја водеше сепаратистичката војна против Србија во текот на 1998 и 1999 година, и е висок член на партијата на сегашниот премиер Хашим Тачи.

Во претходната влада Лимај беше министер за транспорт и комуникации.

Пред повторно да покрене обвинение за воени злосторства ЕУЛЕКС ги обвини Лимај и шестмина негови соработници за перење пари и местење тендери заради поткупи, во периодот меѓу 2008 и 2012 година, односно во времето кога тој бил министер.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски