Харадинај го призна поразот на изборите

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, по завршувањето на изборите, според косовските медиуми индиректно го призна поразот.

„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, изјави Харадинај синоќа, кој себе се сметаше за победник пред изборите, но освои само 10 проценти од гласовите.

Според преброените гласови, Движењето Самоопределување на Албин Курти освои 26 проценти од гласовите. Според Централната изборна комисија, Демократскио сојуз на Косово со 25 проценти е втора по бројот на освоени гласови, а на третата позиција е Демократската партија на Косово. Српска листа освои 10 мандати, односно целосна победа кај српското малцинство.

Партијата на Рамуш Харадинај освои 11 мандати, а 24 пратеници освои ПДК на претседателот Хашим Тачи. Лидерот на Самоопределување Албин Курти изјави дека ќе формира влада со тоа што ќе коалицира со Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Нема да коалицираме со Самоопределување

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

ЦИК Приштина: На изборите за Собрание излегле 40,04 отсто од запишаните гласачи

Горан Наумовски

Косовски медиуми: Ниту една партија нема да може сама да формира влада

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски

Централна изборна комисија во Приштина: до 15 часот гласале 28,32 отсто од запишаните избирачи