Хаос во Солун: Полицијата уапси 313 лица во рација на универзитетски кампус

Од:

Грчките власти приведоа 313 лица во рација на универзитетски кампус во Солун по нападот врз полицијата, кога беа фрлени повеќе од 100 молотови коктели.

Сите приведени се ослободени без обвинение.

Грчката полиција соопшти дека групи мажи со качулки излегле од кампусот на Универзитетот Аристотел во Солун рано утрово за да ги нападнат полицајците за немири, при што еден полицаец претрпел изгореници на лицето и ногата, објави „Катимерини“, истакнувајќи дека полицијата обично е распоредена на одредено растојание од кампусот за да ги смири потенцијалните немири по забавите што се одржуваат на кампусот.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги одбие напаѓачите. Грчкото Министерство за образование побара од ректоратот на Универзитетот Аристотел одговори во рок од 48 часа во врска со инцидентите што се случија. Универзитетот соопшти дека нападите биле извршени од „екстремисти“ надвор од кампусот, заедно со поединци од универзитетската заедница.

Би можело да ве интересира

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис

(ВИДЕО) Се урна таванот во „Космос“ во Солун, тешко повредена е жена

Горан Наумовски

Иранската државна телевизија почна да ги нарекува демонстрантите „вооружени терористи“

Трамп: Внимателно ја следиме ситуацијата во Иран, подготвени сме за силна реакција

Пахлави: Целосно ќе ја укинеме Исламската Република и нејзиниот апарат за репресија

(ВИДЕО) Немири во Иран: Западните извори известуваат за најмалку 20 загинати