Хан: ЕУ мора да ги исполни ветувањата, 2025 година важна за Западен Балкан

Од:

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“ изјави дека интеграцијата на Западен Балкан во Европска унија е единствен начин да се одржи мирот во регионот.

– Мораме да ја промовираме економската соработка и владеењето на законите во Западен Балкан, за земјите од овој регион го достигнат нивото на ЕУ и да имаат реална перспектива за пристап, посочи Хан.

Тој додаде дека не може да наведе точен датум, но оти 2025 година е многу важна за кредибилитетот на европската перспектива на Западен Балкан, што е широко прифатено и во Унијата.

Хан додаде дека „2030 година би била премногу далеку за земјите кандидатки да се мотивираат да ги интензивираат своите напори“.

Еврокомесарот потенцира дека на Балканот мора да постои јасна посветеност на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.

– Годината 2025 е амбициозна, но не и нереална цел за членство во ЕУ за земјите кои најмногу постигнале на тој пат. Тоа значи дека преговорите мора да завршат до 2023 година, Исто така, станува збор за кредибилитетот на ЕУ, Кога земјите кандидатки ќе ги исполнат своите обврски, ние мораме да ги исполниме нашите ветувања, посочи Хан.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија