Хакери потпишани како „Српски анонимуси“, го турнаа сајтот на општина Бујановац и на негово место поставиле слика од тенисерот Новак Ѓоковиќ со српско знаме.
Исто така ги поставиле и натписите „Бујановац е Србија“, „Косово е Србија“ и „Жолтата куќа е злосторство“. Сите пароли се напишани на српски и албански јазик.
Хакерскиот упат следува еден ден откако во Бујановац, Албанците го прославиле денот на албанското знаме и 100 години од независноста на Република Албанија.