Хаг испраќа несакан подарок-Шешељ во Србија

Од:

Српската Влада дава гаранции за доаѓање на Воислав Шешељ во Белград, но ќе бара од Трибуналот хашкиот затовреник да ги почитува условите кои тие ги поставија.

Шешељ е првиот затвореник од Шевенинген за кого се бараат гаранции за домашен притвор и единствен кој не бараше гаранции од Владата, а наместо него, тоа го бараше Хаг. Од Трибуналот бараат Шешељ да биде во домашен притвор и да нема никакво влијание и контакт со сведоците во процесот, а тој во неколку наврати му укажа на судот дека нема намера да седи затворен дома, и дека ќе оди каде што сака на територијата на Србија.

-Досега немаше проблеми до обвинетите кои привремено се пуштаат на слобода и веднаш дававме гаранции. Шешељ е специфичен случај и тој вели дека нема да ги прифати нашите гаранции и тоа е проблематично, изјави Расим Љаиќ, претседател на Националниот совет за соработка со Хашкиот Трибунал за српските медиуми.

Одлуката на Трибуналот всушност е прилично комплицирана. Хаг не може да го држи повеќе во притвор поради тоа што новиот судија во предметот побара шест месеци да ги разгледа документите, а српската влада не знае како ќе ги гарантира условите кои Шешељ најави дека нема да ги почитува.

Српската радикална партија соопшти „доколку Александар Вучиќ и Томислав Николиќ постапат по налогот на Трибуналот, тогаш и тие ќе земат учество во заверата против Воислав Шешељ“. Тие ја предупредија власта „ да не си играат со главата и да не даваат гаранции кои се против волјата на Шешељ“.

-Шешељ не сака еден затвор да го замени со друг. Ако треба да биде во притвор, тогаш подобро е да остане во Хаг, рече Немања Шаровиќ, член на правниот тим за одбрана на Шешељ и најави дека доколку Хаг го пушти, тој ќе фржи говор на митингот на СРС на 28. јуни.

Барањето за привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ вчера стигна во Министерството за правда на Србија, по што расправаше Владата дали е во можност да ги исполни барањата од Трибуналот.

На седницата некои министри биле против доаѓањето на Шешељ во Србија, и уверувале дека тој е договорен со Хаг да га напушти затворот за да ја напаѓа Владата во Србија. Сепак, постои уверување дека политички не може сериозно да и наштети на власта, но дека сигурно носи нови турбуленции на српската политичка сцена.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда