Хаѕидакис: Нова демократија нема да го промени ставот за Договорот од Преспа

Од:

Остануваме на нашата позиција, кристално јасна е изјавата на Киријакос Мицотакис за ова прашање и нема да го промениме нашиот став, вели потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото „Практорио фм“.

– Чекаме да видиме по референдумот и резултатот од него, што ќе прави владата. Господинот Ципрас и господинот Коѕијас велат дека имаат мнозинство во парламентот, така да, штом имаат нека го донесат да го поддржат овој договор. Ние, она што го гледаме секој ден е дека другата страна тврди дека се Македонци, дека говорат чисто македонски јазик и мислам дека со ова се потврдува дека беа во право сите оние кои го критикуваа овој договор што е на товар на едната страна, вели Хаѕидакис, јави дописничката на МИА.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната