Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

Од:

Невработеноста падна на 11,9 отсто во февруари 2022 година, покажуваат податоците на Јуростат. И ова не е прво априлска шега, напиша на „Фејсбук“ министерот за труд и социјални работи на Грција Костис Хаѕидакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаде дека податоците ги нагласуваат резултатите од нивните напори особено во период на големи тешкотии.

-Не само дека невработеноста е намалена за 5,3 процентни во однос на периодот на Владата на СИРИЗА (од 17,2 на 11,9 отсто). Исто така, од февруари 2021 година падна за 4,3 процентни поени. Важно е и тоа што невработеноста кај младите е намалена за 9,1 отсто во однос на февруари минатата година. И сето ова во период на коронавирус и додека повеќето аналитичари предупредуваа за токму спротивни резултати!, напиша Хаѕидакис и додаде дека „падот од 5,3 процентни поени со Владата на Нова демократија не е случајна“ и е според него е резултат на нивната политика.

Сепак, посочи дека стапката на невработеност останува висока, а „руската инвазија на Украина ја влошува економската клима низ цела Европа“, но „сепак сигурно е дека политиката на Владата е на добар пат“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот