Гувернерот на бугарската централна банка пред оставка

Од:

Најмногу за една недела гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ), Иван Искров ќе поднесе оставка на функцијата, тврди во денешниот број софискиот весник „Труд“.

Анонимни извори од бугарската Влада за весникот изјавиле дека како компензација за предвременото напуштање на функцијата, Искров ќе биде именуван за претставник на Бугарија во некоја меѓународна финансиска институција.

Најавата за заминувањето на Искров доаѓа откако вчера претседателката на Комисијата за буџет на бугарскиот Парламнет, Менда Стојанова, побара сите членови на Управиот совет на БНБ, заедно со Искров, да поднесат оставки поради кризата околу „Корпоративната трговска банка“ (КТБ), која сериозно го растресе бугарскиот банкарски систем.

Оставката е прашање на време. Дали Искров постапил правилно или не во врска со аферата со КТБ веќе не важно, коментира „Труд“

– Токму поради тоа оставката е неизбежна со цел да се повратат довербата во БНБ и нејзиниот авторитет, наведува „Труд“.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална