Гутереш се приклучи кон преговорите за обединување на Кипар

Од:

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се приклучува на разговорите на високо ниво за повторно обединување на етнички поделената островска држава Кипар, со надеж дека може да помогне во надминување на разликите.

Преговорите што почнаа пред два дена во швајцарското одморалиште Кран Монтана, досега не донесоа реален напредок по клучното прашање за безбедноста на евентуалниот иден федерален Кипар.

Гутереш ќе разговара со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, како и со високи претставници и дипломати од т.н. земји гаранти – Грција, Турција и Велика Британија, за начините за надминување на разликите.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Горан Наумовски

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка